Фудбал
Куман: Би сакал да ја водам Барса, но нема ништо конечно
Барселона, 18 август 2020 (МИА) – Селекторот на Холандија, Роналд Коман, призна дека преговара со Барселона и дека би бил среќен да стане тренер на каталонскиот тим.
– Да, би сакал да ја водам Барса, но нема ништо конечно. Потписите сè уште не се ставени. Дотогаш, не можам да кажам ништо од почит, вели холандскиот стручњак, цитиран од шпанските медиуми.
Куман е во „Цаист“, базата на националниот тим на „портокаловите“ и преговара за раскинување на неговиот договор.
Во Холандија и Шпанија, нема сомнение дека поранешниот дефанзивец ќе биде новиот тренер на Барселона. 57-годишниот Куман има шест сезони на „Камп Ноу“ во својата „визит-карта“ и токму неговиот гол го донесе првиот трофеј од КЕШ во историјата на каталонскиот клуб.