Фудбал
Куман ги носи „своите“ во Барселона, двајца на чекор до потпис
Според каталонските медиуми двајца холандски интернационалци се на чекор до потпис со Барселона. Тие се желба на новиот тренер Роналд Куман, па неговите сонародници Мемфис Депај и Вајналдум.
Депај игра одлично во француски Лион, пред извесно време беше прашан за интересот на каталонскиот тим, кој индиректно порача дека не би имал ништо против. Од друга страна, пак, каталонските, но и англиските медиуми пишуваат дека за 20 милиони фунти Вајналдум ќе го напушти Ливерпул и ќе се пресели на „Камп Ноу“.