Connect with us

Фудбал

Куман им зададе голем предизвик на играчите од средниот ред на Барселона

Роналд Куман ќе продолжи да биде тренер на Барселона и следната сезона.

Холандскиот стручњак навистина не се прослави во својата прва сезона на клупата на каталонскиот клуб и се шпекулираше дека може да добие отказ.

Сепак, Џоан Лапорта одржа состанок со него на крајот на сезоната и реши да го поддржи, па Куман ќе биде на клупата на Барселона и во новата сезона.

Каталонците веќе започнаа со подготовки, а Куман веќе отпиша неколку играчи. Трансфер листата на Барселона е прилично долга, а во неа се наоѓаат, меѓу другите, Миралем Пјаниќ, Самуел Умтити, Филип Кутињо, Мартин Брајтвајт …

Куман најави големи промени во новата сезона во однос на играта на неговиот тим, а веќе доби неколку засилувања што треба да ја направат Барселона многу поопасна.

Исто така, Куман зборуваше за неговите играчи од средниот ред, каде што неговите „ударни иглички“ се Френки де Јонг и Педри, а тука е и Серхио Бускетс. Јасно е дека тој очекува многу повеќе од средниот ред.

„Де Јонг и Педри се одлични играчи и имаат добри сезони, но сигурно можат и подобро. Тие играа добро и минатата сезона служеа како играч за врска за да се запознаат што е можно повеќе, и сега очекувам само да сјај“, рече Куман. и додаде.

„Очекувам секој од играчи од средниот ред да постигнат помеѓу три и шест гола во сезоната. Сè што е под тоа е многу лошо, а сè што е над е одлично“

Тој верува дека новите играчи Мемфис Депај и Серхио Агуеро многу добро ќе дојдат во фазата на нападот.

„Серхио е важно засилување за нас. Ќе бидеме многу поопасни сега пред противничкиот гол. Тој е искусен напаѓач кој е многу опасен во казнениот простор и се надевам дека ќе ги оправда очекувањата“.

„За Мемфис, знам каков фудбалер е и колку е посветен на фудбалот. Тој е брз и многу силен и ќе ни донесе многу. Може да игра на многу напаѓачки позиции и сега само го достигнува врвот на својата кариера“.