Connect with us

Фудбал

„Куман ми кажа дека во Барселона е како да си на годишен одмор“

Младиот фудбалер на Барселона, Френки де Јонг во разговор за интернет страницата на УЕФА откри што му кажал Роналд Куман која потпишувал за Барселона. Куман ја водел репрезентацијата на Холандија кога Де Јонг потпиша за Барса, а сега двајцата соработуават во каталонскиот тим.

-Разговарав со него телефонски и беше многу позитивен кон Барселона како клуб, но и како град. Значи, она што ми го кажа беше се позитивно. Ми објасни дека морам да бидам внимателен, да не смеам премногу да одам во рестораните и да јадам премногу, бидејќи животот во Барселона е многу добар и понекогаш се чуствувате како да сте на годишен одмор. Само ми кажа-Внимавајте со тоа, а останатото се е многу добро. На крајот фудбалот е најважната работа, објасни Де Јонг.