Connect with us

Фудбал

Куман: Морам тоа повторно да го погледнам

Барселона синоќа беше поразена во финалето на Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао по продолженијата.

Каталонците ги разочараа своите навивачи, а Лионел Меси дури успеа да добие црвен картон кога во 120. минута удри играч на Атлетико.

Меси очигледно беше повеќе од нервозен, па сè ескалираше во 120. минута.

Тоа беше негов трет црвен картон во кариерата, а Роналд Куман, тренерот на Барса, застана во одбрана на најголемата sвезда на неговиот тим.

„Можам да разберам што направи Меси“, рече Холанѓанецот, па продолжи:

„Не знам колку пати го фаулираа, но нормално е така да реагира кога се уште се обидуваат да го фаулираат како играч кој секогаш сака да дрибла. Морам повторно да го погледнам тоа“.

Беше под знак прашалник дали Аргентинецот ќе го започне мечот, а Куман остави на него да одлучи.

„Мислам дека по толку многу години играње на највисоко ниво, тој знае кога може да игра, а кога не. Разговарав со него и тој рече дека може да игра од првата минута“.

Меси за црвен картон веројатно би добил казна од четири натпревари, но се чека официјална одлука.