Фудбал
Куман: Не можев да ги гледам од нервоза, префрлив на Јувентус – Милан
Тренерот на Барселона, Роналд Куман немаше мир додека се обидуваше да го гледа дербито помеѓу Реал Мадрид и Севилја на ТВ.
Куман се уште се надева на титулата, иако Барселона е далеку од тоа по ремито со Атлетико во саботата. Еден ден подоцна Реал Мадрид беше домаќин на Севилја, играјќи 2:2, иако кралскиот тим имаше шанса за победа.
На овој начин, по уште едно реми, сè ќе биде отворено до самиот крај, а Куман признава дека бил многу нервозен додека го гледал мечот во Мадрид.
„Ги гледав првите 20 минути од дуелот во Мадрид, но бев нервозен, па се префрлив на италијанското дерби Јувентус – Милан. Претпочитав да го гледам само крајниот резултат на натпреварот Реал – Севилја“, изјави Куман.
Реал Мадрид и Барселона се на второто и третото место со по 75 бода, додека Атлетико е на врвот со 77 бода, на три кола пред крајот.
Атлетико во среда ќе има домашен натпревар против Реал Сосиедад, Реал Мадрид во четврток ќе игра против Гранада, а Барселона утревечер ќе игра на гостински терен против Леванте.
Атлетико е во најдобра ситуација и ако ги добие сите натпревари, тие ќе станат шампиони, но Реал и Барселона чекаат на јорганџиите. Во секој случај, ќе биде многу интересно во финишот на шампионатот во Шпанија.