Connect with us

Фудбал

Куман: Не сакам да кажам дека загубивме поради судиите, ама оштетени сме

Тренерот на Барселона Роналд Куман според неговата реакција и изјави не е задоволен од резултатот особено не од судењето на „Ел Класико“ каде неговиот тим доживеа пораз од 2:1.

-Не сакам да кажам дека загубивме поради судиите, зашто не бевме доволно добри во првото полувреме. Не разбирам како помошниот судија не виде пенал за нас и зошто ВАР не реагираше. Судијата не може да види, но постои ВАР за такви ситуации“, истакна Куман.