Фудбал
Куман: Не жалам што го пречкртав Луис Суарез
Луис Суарез ја напушти Барселона летото и ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, иако тој самиот не можеше да очекува дека тоа ќе се случи.
Уругваецот играше одлично во дресот на каталонскиот клуб, но тогаш Хосеп Марија Бартомеу донесе неверојатна одлука Суарез да го напушти клубот и што е уште полошо, тоа го стори скоро без обештетување.
Но, она што не им е особено јасно на навивачите е дека клубот се согласи да го продаде Суарез на ривалскиот клуб со кој се борат за титулата, а во дресот на Атлетико, искусниот уругвајски напаѓач едноставно блеска.
Суарез досега одигра 11 натпревари во Примера и успеа да постигне дури осум погодоци. На денешната прес-конференција, новинарите го прашаа Роналд Куман дали му е жал што Суарез го напушти клубот и тој даде многу интересен одговор.
„Не жалам што го пречкртав Луис Суарез. Јас секогаш велев дека тој е квалитетен играч. Тој и клубот веќе донесоа одлука и тоа беше тоа. Не можете да го споредувате Атлетико Мадрид со нас, бидејќи тие примаат малку голови и понекогаш им е доволно да постигнат само еден гол и да победат“, рече Куман.