Connect with us

Фудбал

Куман: Пјаниќ? Сè зависи од три фактори

Првата сезона на Мирелем Пјаниќ во Барселона веќе може да се прогласи за неуспешна, иако сè уште не е готово.

Пјаниќ последен пат играше пред скоро два месеци, а на три кола пред крајот на Ла Лига, табелата за асистенции и голови се уште е празни покрај неговото име.

На три кола пред крајот Барса сè уште се бори за титулата. Незгодна посета на Леванте ги чека во вторник. Роналд Куман по суспензијата ќе седне на клупата за резерви.

Во најавата за натпреварот, Куман зборуваше за моменталниот статус на Пјаниќ. Тој посочи дека тоа зависи од три фактори, но дека играчот за врска на БиХ мора да биде подготвен кога е потребно.

“Пјаниќ и Рики Пуиг? Имаме тим во кој не правиме многу промени. Сè зависи од тренингот, техничките одлуки и системот на игра. Многу работи влијаат на одлуката колку ќе игра некој. Оние кои не играат мора да бидат подготвенаи“, рече Куман.

Кога станува збор за Холанѓанецот, тој сепак е смирен за својата иднина и верува дека следната сезона ќе седне на клупата, бидејќи, како што рече, ужива доверба кај претседателот Лапорта.

“Претседателот ми покажа голема доверба од првиот ден и тој е тој што ќе одлучи. Потпишав две години и се гледам како ја водам оваа група на играчи и следната сезона”, рече Куман.

Од друга страна, иднината на Пјаниќ на Ноу Камп е неизвесна. Веќе има многу шпекулации за неговото заминување. По неколку клубови од Премиер лигата, интерес започна да покажува и Ал Нас од Саудиска Арабија.