Фудбал
Куман по дебаклот во Лисабон: Тежок пораз, но не ја отсликува реалната ситуација на теренот
Барселона доживеа тежок пораз вечерва во Лисабон против Бенфика.
Португалскиот великан славеше со 3:0, а навивачите на каталонскиот клуб повторно бараат заминување на Роналдо Куман.
Играчите му дадоа поддршка на тренерот по натпреварот и веруваат дека неговиот отказ нема да промени ништо, а Куман добро знае дека ја има нивната поддршка.
„Чувствувам голема поддршка од играчите. Не знам за клубот, не знам“, изјави Куман, додавајќи:
„Секој знае што е проблемот на Барселона. Нема да повторам дека ова не е истиот тим како минатата сезона. Така е“.
„Овој пораз е тежок, но не ја покажува вистинската рамнотежа на силите на теренот. Одигравме добро до 2:0 и вистината е дека треба да играме подобро во одбраната“, изјави тренерот на Барселона.
Барселона не упати ниту еден удар во голот на натпреварите против Баерн и Бенфика и тие се последни во групата без бодови и со гол разлика 0:6.