Connect with us

Фудбал

Куман се чини дека се помирил со фактот дека Меси ќе замине!

„Мирор“ објави дека тренерот на Барселона Роналд Куман очекува Лионел Меси да ја напушти Барселона на крајот на сезоната и да се приклучи на Манчестер Сити.

Зборувајќи за печатот, тој навести дека Меси ќе гледа само оваа сезона.

-Секогаш се надевав дека Меси ќе остане оваа сезона. Да заминеше на лето, ќе имав многу поинаква ситуација во Барса. Тој сакаше да замине, но клубот му беше многу јасен. Клаузулата за откуп беше толку голема, што ниту еден клуб во светот немаше да го плати тоа во овие времиња, вели Куман.

Сепак, Меси следното лето е слободен играч, па има клубови кои можат да си дозволат да го имаат во својот тим, со оглед на високите финансиски побарувања кои ги има 33-годишниот Аргентинец.

Еден од нив е Манчестер Сити, кој според претходните денешни информации ќе се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок со што на Барса ќе и понуди 15 милиони фунти. Сепак, тешко е да се верува дека ќе биде пуштен Меси за толкава мала сума. Веројатно ќе се чека летниот преоден рок и ќе се разделат како со вистинска легенда на клубот.