Фудбал
Куман се правда, спасен барем уште два дена-Немаме играчи од времето на тики-така
Роналд Куман нема да биде сменет од клупата на Барселона, барем не до мечот со Кадис кој е на програмата во четврток, пишуваат шпанските медиуми. Иако притисокот е голем по ремито со Гранада и лошите резултати, сепак раководството ќе му даде уште една шанса.
Сепак, Куман се правда. Веројатно со ова сака да каже дека не е негова вина за лошите резултати на стартот од новата сезона.
-Погледнете го мојот список на играчи. Тоа е единствено што можевме да го направиме. Немаме играчи од времето кога се играше „тики-така“, мораме да направиме сопствен стил. Мислам дека одигравме добро, а да имаше уште малку време ќе ја победевме Гранада. Основниот систем беше 4-3-3, а подоцна правев измени во склад на тоа што имав на клупата. Не е ова Барселона од пред осум години, се правда Куман.
Барселона по четири одиграни мечеви во Ла Лига е на седмото место со 8 бодови.