Connect with us

Фудбал

Куман во соблекувалната на Барселона поставил фотографија на Килијан Мбапе, но тоа не му помогнало многу

Каталонците веројатно се простиле од ЛШ уште по првиот меч кога загубија на домашен терен со 4:1, па реваншот во Париз беше само формалност (1:1). Францускиот „Л’Екип“ денеска носи информација дека тренрот на Барселона, Роналд Куман пред првиот меч во соблекувалната поставил фотографија од Килијан Мбапе. Сакал на тој начин да го претстави напаѓачот како најопасен од противничките фудбалери, на кој треба да се обрне гоемо внимание. Но, на теренот за фудбалерите на Барселона, Мбапе беше незапирлив. Тој постигна хет-трик во победата од 4:1, па се чини дека предупредувањето на Куман не успеало.

Францускиот напаѓач на реваншот постигна гол (1:1) па буквално сам ја исфрли Барселона.

Во четвртфиналето ПСЖ ќе игра против Баерн.