Фудбал
Куман за заминувањето на Суарез: Одлуката не беше моја, му кажав дека може да остане, но…
Луис Суарез упати жестоки критики на сметка на Барселона кога замина, а сега се огласи и тренерот Роналд Куман, кој вели дека немал никакви проблеми со Уругваецот и дека одлуката ја донело раководството.
-Немав проблеми со раководството, но клубот одлучи да ја подмлади екипата. Му реков какви се плановите, а тој го доживеа тоа тешко. Му кажав дека минутажата не му е загарантирана, но дека може да остане. Сепак, одлучи да замине, изјави Куман.
Зборуваше и за младите играчи.
-Фати има 17, Педри 17, Аурахо 21, Деста 19. Тоа се нашите играчи за иднината, вели Куман.