Фудбал
Кутињо на операциона маса
Бразилскиот офанзивен играч на Барселона, Филип Кутињо, ќе биде опериран.
Кутињо се повреди на натпреварот помеѓу Барселона и Еибар, а еден ден подоцна Барселона ја информираше јавноста дека се работи за сериозна повреда.
Бразилскиот фудбалер има оштетен менискус на левото колено, а наводно ќе биде надвор од терените четири месеци, но подеталните информации за текот на закрепнувањето ќе бидат објавени по операцијата.
Дуелот со Еибар може да биде последен за него во дресот на Барселона, имајќи предвид дека се повеќе се пишува за неговото заминување во Шпанија, но прашање е дали оваа повреда ќе влијае на трансферот.
Да потсетиме, Бразилецот пристигна во Барселона во 2018 година од Ливерпул во трансфер кој достигнува бројка од 160 милиони евра. Минатата сезона играше на позајмица во Баерн, а сега повторно е член на Барселона.