Connect with us

Ракомет

Кузмановски до 2022 во Магдебург

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се сели во екипата на Магдебург каде од ова лето ќе има можност да ја продолжи својата кариера.

На својот профил на Твитер, тимот на Магдебург објави дека со Кузмановски веќе е сè договорено и тој се сели преку лето во овој тим и веќе има потпишано договор со важност до 2022 година.

Ова беше јасно уште минатата година, но беше неизвесно кога ќе замине во Германија. Сосема извесно е дека ќе има тригодишен договор и дека ова лето ќе ја напушти Битола и тимот на Еурофарм Работник. Сепак, претходно Кузмановски има обврски кон репрезентацијата на Македонија на Мундијалот, а потоа и кон Еурофарм Работник со кој ќе игра во групната фаза од Купот на ЕХФ.

Со ова уште еден бек од Македонија се сели во Бундес лигата. На тој начин од следната сезона ќе има уште нови дуели меѓу македонските интернационалци во една од најсилните лиги во светот.