Фудбал
Квалификации за ЕП: Каква победа на Македонија, го прегази противникот
Фудбалската селекција на Македонија за играчи до 21 година попладнево го прегази Казахстан со 4:1 на гостински терен во рамките од квалификациите за пласман на ЕП.
Дарко Чурлинов постигна два гола за Македонија, Јани Атанасов и Димитар Митровски, исто така погодија во мрежата на Казахстан.
Со оваа победа Македонија е на второто место на табелата со 13 бодови, зад Шпанија која има 16 бода, но и натпревар помалку. На третото место е Казахстан со 10, но има меч повеќе, потоа следува Израел со 8 и меч помалку, па Црна Гора и Фарски Острови.