Connect with us

Други спортови

Квитова аут од „Вимблдон“

Двократната шампионка Петра Квитова (Чешка) беше елиминиран во првиот круг на „Вимблдон“. Квитова загуби од Александра Саснович (Белорусија) со 4:6, 6,4, 0:6 за два часа и четиринаесет минути поминати на теренот

Дваесет и четири годишната Саснович направи брејк во седмиот гејм на својот пат кон успехот во првиот сет.

Во вториот дел, Квитова ги зеде првите три гема и потоа водеше со 5:2. Сасович направил брејк во деветтиот гејм, но уште во следниот загуби на свој сервис, а Чехињата го изедначи резултатот.

Во третиот дел, Сасович, која е број 50 на светската ранг-листа, не загуби ниту еден гејм и го доби натпреварот.

Во вториот круг, таа ќе игра против Тејлор Таунсенд (САД).

Квитова направи 36 неизнудени грешки и изгуби на стартот на „Вимблдон“ за прв пат од 2009 година.

Во исто време, Еужени Бушар (Канада) продолжува понатаму. Финалистката од 2014 година ја надмина учесничката со „вајлд карта“ Габриела Тејлор (Велика Британија), со 6:0, 4:6, 6:3.

Од позвучните имиња во следното коло се пласираа и Халеп, Кербер, Конта, Мугуруза, Цибулкова, Гаврилова итн.