Connect with us

Фудбал

„L’Equipe“: Серхио Рамос одлучи каде ќе игра следната сезона

Искусниот стопер Серхио Рамос минатото лето премина од Реал Мадрид во ПСЖ.

Рамос потпиша за ПСЖ како слободен играч и како големо засилување, но засега не може да биде задоволен како се одвиваат работите за него во Франција. Имаше многу проблеми со повредите, отсуствуваше подолго време, а во последно време се зборува за негово незадоволство и желба да си замине од француската престолнина.

По испаѓањето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, Рамос беше еден од оние кои претрпеа најмногу критики од навивачите и тоа е една од причините поради која медиумите веќе го прогласија за еден од оние кои ќе си заминат штом заврши сезоната.

Сепак, „L’Equipe“ тврди дека за разлика од Нејмар или Лионел Меси, Рамос има желба да остане во Париз до крајот на договорот, односно до летото 2023 година.

Изворот говори и за желбата на Рамос да докаже дека не е „завршен“ по вредност и влијание на теренот и покрај тоа што со ПСЖ не можеше да го покаже тоа.

Рамос оваа сезона одигра пет натпревари за ПСЖ.