Connect with us

Кошарка

ЛА Лејкерс ги торпедираше „воините“, но остана без „Кралот“

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа неочекувана победа против актуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Голден стејт, со 127:101. Меѓутоа, победата беше со горчлив вкус поради повредата на првата ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс, кој го напушти теренот поради проблеми со препоните во текот на третата четвртина.

„Кралот“ зад своето име запиша 17 поени, 13 скокови и пет асистенции, а до повредата дојде откако се лизна при борба за топката пред противничкиот кош.

Лејкерс до победата го предводеше Кал Кузма со 19 поени, а одлична партија имаше и Ивица Зубац со 18 коша и 11 скокови. На спротивната страна Андре Игудала забележа 23 поени, додека Кевин Дурант постигна 21 кош.

  • Зубац е еден од најважните играчи кај нас. Со игрите го докажа тоа. Играше добро и во нападот и во одбраната. Што се однесува до повредата, не сум загрижен. Можам да се движам и се враќам наскоро на теренот. Имаме одличен медицински тим кој ќе ми помогне при рехабилитацијата, изјави Џејмс.

Инаку, хрватскиот кошаркар дојде во составот на Лејкерс како привремено решение, откако двајцата центри Џавејл Мекги и Тајсон Чендлер заработија повреди, па на раководството не им остана ништо друго освен да го ангажираат Зубац.

Резултати: Њујорк – Милвоки 95:109, Хјустон – Оклахома 113:109, Бостон – Филаделфија 121:104, Голден стејт – ЛА Лејкерс 101:127, Јута – Портланд 117:96.