Кошарка
ЛА Лејкерс ја надигра Атланта, Милвоки го декласираше Портланд
Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа ја совладаа Атланта Хоукс со 107: 99.
Лејкерси успеаја да дојдат до нова победа, и во многу интересен натпревар ја совладаа Атланта. Актуелните шампиони во НБА првата четвртина од реваншот ја завршија со предност од 28:25, додека на полувреме се замина со резултат 50:46 за Лејкерси.
Во продолжението од мечот Хоукс одиграа многу подобро и успеаја резултатот да го претворат во своја предност. Атланта водеше со 76:75 по третиот период, но Лејкерси успеаја да победи во четвртата четвртина.
Лејкерси одиграа одлично во последната четвртина, и на крајот успеаја да слават со 107: 99.
Ентони Дејвис ги предводеше Лејкерси до победата со 25 поени, додека Леброн Џејмс постигна 21 поен. Во тимот на Атланта се истакна Трај Јанг со 25 поени и дури 16 асистенции.
Треба да се напомене дека Портланд Трејл Блејзерс беа поразени од Милвоки Бакс со 134: 106, додека Феникс го победи Далас со 109: 108 во фантастичен натпревар.