Connect with us

Фудбал

Ла Лига одобри пет замени за сезоната 2020/21

Мадрид, 8 септември 2020 (МИА) – Шпанската фудбалска федерација објави на официјалната веб-страница дека правилата се менуваат Ла Лига и во Сегунда за сезоната 2020/21.

Според новите правила, во двете лиги ќе биде дозволено пет замени по натпревар, а максималниот број на повикани играчи ќе биде 23 играчи.

Претходно, пет замени беа воведени во сезоната 2019/20 поради коронавирусот.

Во англиската Премиер лигата одлучија да се вратат на три замени по натпревар. зс/