Connect with us

Фудбал

„Ладно“ е во соблекувалната на Португалија, погледнете го поздравот на Роналдо и Фернандес (ВИДЕО)

Се чини дека интервјуто на Кристијано Роналдо кое го даде пред два дена, а во кое упати отворени критики до Манчестер Јунајтед, раководството и стручниот штаб, со потенцирање дека уште долго време нема да се врати на славните патеки, се пренесе и во селекцијата на Португалија. Имено, на првиот собир во соблекувалната „ладен“ поздрав од Бруно Фернандес со Кристијано Роналдо. Еден од најдобрите беше зачуден од односот на клупскиот, но и репрезентативниот колега, но објаснување не доби. Дали ова ќе влијае и на теренот на СП, останува да се види.