Connect with us

Фудбал

„Лајкот“ на Халанд повторно направи хаос

Заедно со Килијан Мбапе, главната ѕвезда на летниот фудбалски пазар ќе биде и Ерлинг Халанд.

Неверојатниот норвешки напаѓач речиси сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а се чека неговата конечна одлука за избор на нов клуб.

Интересот за услугите на Халанд секако е огромен. Наводно, најголем фаворит за потпис е Манчестер Сити, но Барселона и Реал Мадрид имаат големи шанси.

Голема битка за Халанд водат и каталонските и мадридските медиуми. Го користат секој „момент“ на норвешкиот напаѓач за да го поврзат со клубот кој го преферираат, а сега е време тоа повторно да го направат мадридските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema)

„Лајкот“ на Халанд на објавата на Карим Бензема во која го слави Реал Мадрид, според мадридските медиуми е јасен сигнал дека Норвежанецот сака на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, има уште многу лајкови и коментари од други фудбалски ѕвезди. Очигледно е дека пред се му честитаат на Карим Бензема за феноменалниот натпревар против ПСЖ и „лајкот“ во овој случај не значи ништо.