Фудбал
Лајпциг не сака да ја продава Упамекана до лето, иако ќе изгуби многу пари
Во последните неколку преодни периоди, Дајот Упамекано се поврзуваше со голем број клубови.
Ситуацијата не е поразлична ниту овој преоден рок, а за неговите услуги се заинтересирани Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Сепак, нема да има ништо од продажбата, а причината е што во Лајпциг решија дека сакаат да го продадат само на лето.
Имено, иако тие се свесни дека ќе го продадат за многу помалку пари, подготвени се за тоа и сакаат да го задржат до крајот на сезоната.
Неговата цена ќе падне на 42 милиони евра во текот на летото, но дури и тоа му одговара на Лајпциг, а неговата продажба во јануари нема да се случи.