Connect with us

Фудбал

Лајпциг со молскавична тренерска промена

По вчерашниот катастрофален пораз од Шахтјор во првото коло од Лигата на шампионите, РБ Лајпциг реши да го смени тренерот Доменико Тедеско и да го назначи Марко Роуз за негова замена. Одлуката треба да биде потврдена денеска, кога ќе има состанок со германскиот тим.

Лајпциг прими неверојатни осум гола на последните два натпревари. Во саботата загубија од Ајнтрахт со 0-4, а во вторникот вечерта загубија од Шахтјор со 1-4.

Марко Роуз ќе мора да го наследи Тедеско. Роуз е без работа откако беше отпуштен од Борусија Дортмунд на крајот од минатата сезона. Тој претходно беше тренер на Борусија Менхенгладбах и РБ Салцбург.

„РБ Лајпциг веднаш се раздели со Доменико Тедеско. Клубот го напуштија и помошниците тренери Андреас Хинкел и Макс Урвански. РБ Лајпциг во догледно време ќе го објави неговиот наследник“, се вели во официјалното соопштение на клубот.