Connect with us

Фудбал

Лаказет го пропушта дербито со Јунајтед

Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет ќе го пропушти дерби дуелот со Манчестер Јунајтед закажан за сабота (2 декември).

Французинот заработи повреда на препоните за време на синоќешната средба со Хадерсфилд (5:0). Тој го отвори резултато, но потоа беше принуден да го напушти теренот.

Се уште е нејасно колку е сериозна повредата, но во овој момент се чини дека Лаказет ќе го пропушти барем натпреварот со Манчестер Јунајтед.

Најверојатно, неговото место во нападот ќе го преземе Оливие Жиру. Друга опција за Арсен Венгер во нападот е Дани Велбек.