Тајмаут
Ламар Одом се враќа на кошарката
Поранешната ѕвезда на НБА, Ламар Одом ќе се врати на терените по четиригодишна пауза.
Одом откри на Инстаграм дека ќе игра во Кина, веројатно за локалниот Шенжен Леопардс.
Двократниот шампион на НБА не го откри името на клубот, но се пресели во Шенжен на почетокот на месецот, каде што потпиша договор со локална компанија.
– Моето срце буквално се загреа што конечно можам да споделам со вас дека се враќам на кошарката. Ќе играм во Кина, Бог е добар, пишува Одом.
Одом има 38 години и за последен беше ангажиран во Европа во шпанската Басконија, додека последниот договор во НБА му беше со Њујорк, но тој не одигра ниту еден натпревар.
Во октомври 2015 година беше пронајден во несвест во јавна куќа во Невада. Тој беше 3 дена во кома за предозирање.
Две години подоцна тој објави дека е „чист“.