Connect with us

Фудбал

Лапорт во Сити за 70 милиони евра

Францускиот фудбалер Ајмерик Лапорт ќе стане втор најскап играч во историјата на Манчестер Сити во трансферот вреден 70 милиони евра, потврди неговиот досегашен клуб Атлетик Билбао.

Лидерот во Премиер лигата ја активира клаузулата за откуп од 65 милиони евра, плус пет милиони за развој на играчи, нешто што е пет милиони помалку од доаѓањето на Кевин Де Бруин од Волфсбург.

Лапорт доби сертификат за заминување од Примера со што исполнети се сите услови за негово заминување од Билбао.

– Атлетик е благодарен за сето она што тој го направи за клубот, стои на веб страницата на шпанскиот прволигаш.

Овој 23-годишен стопер долго време е на листа желби на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.