Фудбал
Лапорта ја разгоре фантазијата на навивачите на Барселона: „Меси и Иниеста се уште играат, а годините се само бројка“
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не ја исклучува можноста Лионел Меси и Андрес Иниеста да се вратат во клубот.
Меси минатото лето беше принуден да го напушти каталонскиот клуб и потпиша договор со ПСЖ, каде навистина не му оди баш најдобро.
View this post on Instagram
Лапорта би сакал повторно да го види на Камп Ноу, исто како 37-годишната клупска легенда Андрес Иниеста, кој игра во Јапонија од 2018 година.
„Не ја исклучувам можноста тој да се врати. Годините се само бројка. Доказ е Дани Алвеш“, изјави Лапорта и додаде:
„Тие се двајца врвни фудбалери. Не можам да ја предвидам иднината, но тие се уште играат и имаат договори со други клубови. Никогаш не се знае“, изјави Лапорта.
View this post on Instagram
Тој исто така истакна дека Чави ја донел одлуката да потпише со 38-годишниот Дани Алвеш.
„Прашав дали го сака во тимот. Тој рече дека му треба и работите завршија како што треба. Тој е тука“, изјави претседателот на Барселона.
Андрес Иниеста е еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, а за Барселона одигра 674 натпревари и постигна 57 голови.
Меси, пак, одигра 778 натпревари и постигна нереални 672 гола за каталонскиот гигант.