Connect with us

Фудбал

Лапорта нема да се врати во Барселона со тимот по мечот во Киев бидејќи има само една цел

Фудбалерите на Барселона утре играат на гости кај Динамо Киев каде немаат право на грешка.

Барселона по три натпревари во Лигата на шампионите има само три бода, откако во последното коло го победи Динамо.

Каталонците утре немаат право на грешка доколку сакаат да се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампионите, па им треба нова победа против украинскиот клуб во Киев.

Барса и понатаму ќе ја води Серхи Бархуан, кој беше избран за привремен тренер по отказот на Роналд Куман. Сепак, Барселона се очекува да добие нов тренер во наредните денови.

Многумина веруваат дека тоа ќе биде Чави Ернандез кој моментално го води катарскиот Ал Сад. Чави е обврзан со договор со Ал Сад, но нема да му прават проблем за прекин на соработката.

Мундо Депортиво утринава објави дека Жоан Лапорта, Рафа Јусте и Матеу Алемани ќе отпатуваат за Катар по натпреварот во Киев и дека нема да се вратат во Барселона со тимот.

Лапорта сака да отпатува во Доха за да ги среди сите детали околу пристигнувањето на Чави на клупата на Барселона. Исто така, во наредните денови се очекува потврда дека Чави го раскинал договорот со Ал Сад.

Како што објави Мундо Депортиво, во четврток се очекува официјално соопштение дека Чави е нов тренер на Барселона.