Connect with us

Фудбал

Лапорта немаше милост кон Куман: Стана, разговараше, а потоа го отпушти

Роналд Куман доби отказ во Барселона.

Холандскиот стручњак беше информиран дека повеќе не е тренер по поразот од Рајо Ваљекано (1:0), а неговото место се очекува да биде проследено со доаѓањето на легендарниот Чави Ернандез.

Дотогаш, тимот ќе го води уште еден поранешен клупски играч, Серхи Бархуан, додека Чави треба да пристигне по 3 ноември.

Шпанските медиуми објавија како Куман бил отпуштен. Се се случило во авионскиот лет меѓу Мадрид и Барселона.

Претседателот Жоан Лапорта остави место во авион до Куман на самиот почеток на едночасовниот лет до Барселона.

Првиот човек на клубот разговарал со различни директори и членови на управниот одбор и потоа била донесена одлука за отпуштање на Куман.

Ваквата одлука Лапорта веднаш му ја соопштил на Куман, кој потоа ја пренел информацијата до останатиот дел од својот стручен штаб.

Роналд Куман ја предводеше Барселона на 67 натпревари. Тој забележа 39 победи, 12 нерешени и 16 порази.