Фудбал
Лапорта оствари телефонски повик и тргна во лов
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд сигурно ќе биде мета на неколку европски гиганти ова лето.
Халанд обезбедува фантастични игри во дресот на Борусија Дормтунд и многумина велат дека тој е еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Норвежанецот пристигна во Дортмунд пред една година од Салцбург за 20 милиони евра, а германскиот клуб сигурно ќе заработи огромни пари доколку се реши да го продаде.
Интерес за Халанд покажаа неколку клубови, а во последно време најмногу се поврзува со Барселона. Каталонците го сакаат Халанд, но не е сигурно како ќе дојдат парите за него.
Каталонски Спорт утрово објави дека новиот претседател на Барса, Жоан Лапорта, го направил првиот чекор и дека контактирал со Мина Раиола во врска со евентуален трансфер на Хаалад и дека тие имале телефонски разговор пред неколку дена.
Барселона сака да го донесе Норвежанецот, но се зависи од цената бидејќи сигурно е дека Дортмунд нема да го пушти овој играч за помалку од 100 милиони евра.