Фудбал
Лапорта тивко работи на новиот договор за Меси
Лионел Меси е слободен агент за неколку месеци.
Легендата на Барселона ќе има опција да го напушти клубот во кој ја играше целата своја кариера, а ова ново раководство предводено од Жоан Лапорта се обидува да го спречи тоа.
Наскоро се очекува средба за иднината на Меси во клубот. Аргентинецот, наводно, ќе го разгледа проектот пред парите и сака да види што може да му понуди Лапорта.
А, претседателот на Барса тивко работи на новиот договор за Меси. Деталите засега не се познати, но нема сомнение дека договорот сепак ќе биде доста голем.
Сепак, нема да биде ниту близу до бројката што ја зеде претходните четири години кога од клубот инкасираше дури 555 милиони евра.
Одлуката на Меси ќе биде позната на крајот на сезоната и ќе видиме што на крајот ќе одлучи еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.