Connect with us

Фудбал

Лацио го купува Македонецот кој вреди 15 милиони евра!

Дали знаете кој е Елиф Елмас? Доколку не знаете, сега ќе слушнете! Со овие две реченици, еден од најпознатите хрватски портали, “Индекс.хр”, ја почнува ексклузивната информација за клупската иднина на репрезентативецот на Македонија.

Станува зброј за 19-годишен Македонец кој игра за Фенербахче и според пишувањата на турските медиуми, Елмас е единствената светла точка во некогаш моќниот клуб кој ја преживува можеби најлошата сезона во клупската историја, во која се бори за опстанок во елитното друштво, пишува “Индекс.хр”.

Турските и италијанските медиуми пишуваат дека римскиот калчолигаш Лацио е сериозно заинтересиран за услугите на репрезентативецот на Македонија и дека ќе се обиде да го осигура неговиот потпис веќе за време на зимскиот преоден рок.

Извори од Турција брифираат дека “светлосините” се подготвени да одвојат околу 15 мил. евра за обесштетувањето на Елмас и дека таквата понуда веднаш ќе биде прифатена од раководните лица на Фенербахче.

Елмас игра на позицијата централен играч за врска, а Лацио во него гледа идеална замена за српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Македонецот сега вреди околу 15 мил. евра, а пред година и пол, Елмас се пресели во Истанбул од редовите на Работнички за околу 180000 евра. Елмас нема наполнето 20 години, а за сениорската селекција на Македонија веќе има одиграно пет натпревари.