Connect with us

Фудбал

Лацио го носи играчот на Барселона и го пушта СМС во Манчестер Јунајтед?

Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ зад себе има одлична сезона во Лацио, со што тој заработил повик во изборот на Србија за Светското првенство во Русија.

Милинковиќ-Савиќ беше еден од најдобрите играчи на Лацио во изминатата сезона, а тимот од Рим на неверојатен начин остана без место во Лигата на шампионите. Популарниот СМС оваа сезона покажа дека е одличен играч од средниот ред и го привлече интересот на големите клубови.

Во последно време, се шпекулира дека овој 23-годишен по завршувањето на Мундијалот ќе го напушти клубот од Рим и ќе продолжи во Манчестер Јунајтед. Иако се обиделе да го задржат во Лацио, изгледа се свесни дека на крајот ќе биде тешко да го задржат.

Очигледно, римскиот клуб веќе активно бара замена за Милинковиќ-Савиќ, а на листата на потенцијални засилувања е и фудбалерот на Барселона, Андре Гомес. Според италијанските медиуми, Лацио веќе контактирал со Гомес, но не направил ништо конкретно се додека не се реши дилемата за СМС.

Милинковиќ-Савиќ играше 122 натпревари во дресот на Лацио, постигна 24 гола и 20 асистенции. Тој дојде во овој клуб пред три години од Генк за нешто помалку од 20 милиони евра.