Connect with us

Фудбал

Лацио со пресврт го сруши Интер

Во едно од двете дерби натпревари од осмото коло во италијанската Серија А, Лацио со резултат 3:1 го совлада Интер.

Иако Интер водеше повеќе од еден час, на крајот беа поразени и тоа беше првиот пораз на актуелниот шампион во новата сезона, додека Наполи и Милан сe уште немаат пораз.

Интер поведе во 12. минута кога Иван Перишиќ реализираше пенал, но до 64. минута се чинеше дека гостите од Милано ги држат работите под контрола, а потоа и целосен пресврт.

Во 64. минута нов пенал, бидејќи топката го погоди Бастони во раката, а Чиро Имобиле сигурно не пропушта такви работи.
Лацио стигна до победата во 81. минута. Имобиле шутираше добро кон голот, но неговиот удар беше уште подобро блокиран од страна на еден противнички играч. Почнаа престрелките, играчите на Интер се пожалија дека домаќинот не почитува фер-плеј и дека постигна гол додека гостинскиот играч лежеше на тревата.

Судијата Ирати потоа подели четири жолти картони, но голот секако беше примен, а Лацио дојде до голема победа против нивниот поранешен тренер Симоне Инзаги.

Ако домашната публика беше малку загрижена, тие во 92-та минута беа олеснети со центаршут на Луис Алберто, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна одличен удар со глава за конечни 3:1.