Connect with us

Фудбал

Лаутаро Мартинез сака да се пресели во Барселона

Барселона, 14 септември 2020 (МИА) – Барселона продолжува да преговара за трансфер на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Неодамна, каталонскиот клуб ги засили обидите за стекнување на 23-годишниот Аргентинец, пренесува „Марка“.

Првично, Интер бараше 111 милиони евра за играчот. Сега „миланезите“ ги намалија своите барања на 90 милиони. Самиот Лаутаро би сакал да се пресели во Барселона, но е вознемирен од ваквите тешки преговори за неговиот трансфер.

Минатата сезона, 23-годишниот Аргентинец одигра 49 натпревари за Интер, постигна 21 погодок и 7 асистенции. зс/