Connect with us

Фудбал

Лаутаро се договори со Интер, откриени се детали за договорот

Агентите на Интер и Лаутаро Мартинез се состанаа денес за да ги продолжат преговорите за обновување на договорот со Аргентинецот. Ова е втор состанок во последните неколку дена.

Двете страни беа за обновување на договорот, бидејќи Лаутаро нема намера да си замине. Тој беше многу близу до Барселона, но ситуациите се променија и Аргентинецот ќе остане во Италија.

Лаутаро ги намали своите економски побарувања и Интер најверојатно ќе ги исполни. Новиот договор се очекува да биде потпишан до 2024 година со опција за обновување до 2025 година.