Connect with us

Кошарка

Лазаров станува ракометен „бесмртник“

Кирил Лазаров е еден од најдобрите ракометари во историјата и, иако е во петтата деценија од животот, сепак нема намера да се повлече.

Лазаров моментално игра за Нант и ќе го игра своето 17 четвртфинале во Лигата на шампионите против Веспрем, што е апсолутен рекорд.

Тоа е трето четвртфинале на легендарниот ракометар со францускиот тим, а повеќето од нив (5) играше во дресот на Веспрем од 2002 до 2007 година.

Лазаров го одигра својот прв натпревар во елитното натпреварување уште во 1995 година како 15-годишник кога беше член на Борец, кога беше запрен во шеснаесетфиналето.

Селекторот на Македонија, кој со 1471 погодок е најдобар стрелец во Лигата на шампионите досега, пред неколку дена го прослави својот 41 роденден и најави дека ќе игра и следната сезона.