Connect with us

Фудбал

ЛЕ: 11 екипи обезбедија „европска пролет“ досега

Денеска во 19 часот во Лигата на Европа се одиграа 14 натпревари по кои се познати вкупно 11 екипи што изборија пласман во нокаут фазата, која ќе се игра напролет.

Пред денешното коло пласман имаа обезбедно Арсенал, Динамо Киев, БС (Стеауа), Лацио и Зенит, а на нив денес им се придружија и Салцбург, Виљареал, Плзен, Остерсунд, Ница и Реал Сосиедад.

Во терминот од 21 часот вечерва се играат уште 10 натпревари од петтото коло.