Фудбал
Леао сака петкратна плата за да остане во Милан
Рафаел Леао е на пат да стане едно од најдобрите крила во светот. Португалецот му помогна на Милан по 11 години да го врати скудетото на Сан Сиро, поради што го привлече интересот на богатите клубови.
Челзи беше решен да го донесе во Лондон. Сепак, Милан ги одби сите понуди. Се шпекулира дека последната понуда била 120.000.000 евра.
Сите во Милан, почнувајќи од спортскиот директор Паоло Малдини, се свесни дека треба да му понудат нов договор на Леао. Менаџерот на Леао и клубот се во преговори веќе неколку месеци, но двете страни се далеку од договор.
Леао сака петкратна плата. Сега тој заработува 1.500.000 евра годишно, а за да остане клубот ќе треба да му понуди 7.500.000 евра по сезона.
Неговиот актуелен договор е до летото 2024 година, што значи дека Милан нема многу време бидејќи би било опасно да ја чека последната година од неговиот договор.
Засега клубот е подготвен да издвои 5.000.000 евра за плата на Леао.