Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс ја одби понудата на Кливленд

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Леброн Џејмс, го известил Кливленд кавалирс дека ја одбива понудата од 35,6 милиони долари, колку што беше предвидено да заработи следната сезона.

Тоа значи дека официјално станува слободен агент и дека вторпат во кариерата може да го напушти Кливленд.

Џејмс, кој е убедливо најпосакуваното засилување во НБА, пред да донесе конечна одлука ќе ги сослуша и понудите од другите клубови.

Меѓу клубовите кои најчесто се споменувааат како негова следна дестинација се Филаделфија, Хјустон и Лос Анџелес лејкерс.