Connect with us

Кошарка

Леброн на тајна вечера со Кармело

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт, Леброн Џејмс, бил забележан на вечера со својот стар пријател Кармело Ентони, кој наскоро ќе остане без договор од Хјустон.

И покрај долгогодишното ривалство на теренот, двајцата се многу добри пријатели, а се шпекулира дека Мело би можел да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, чии бои моментно ги брани „Кралот“.

  • Ќе видиме. Не го предводам јас тимот и тука некои работи треба да бидат решени од двете страни, но секогаш сум сакал да играм со Мело и ако се појави можност тоа би било одлично. Ќе видиме што ќе се случи, откри Џејмс.