Connect with us

Фудбал

Легендарниот Германец: Катастрофата против Баерн всушност е добра за Барселона

Легендарниот Германец, Бернд Шустер го сподели своето мислење по меќот во кој шпанскиот фудбалски гигант Барселона во четвртфиналето загуби од Баерн Минхен со 8:2.

-За Барселона овој пораз е добар. Тоа ќе им овозможи да не се залажуваат, туку реално да видат каде се. Треба на Меси да му се направи состав каков што заслужува, пред да одлучи да замине, изјави Шустер кој како играч остави длабока трага во Барселона, чиј член беше осум години.

Тој во 1980-та пристигна во Барса од Келн, постигна повеќе од 60 голови, а потоа направи шокирачки трансфер во Реал Мадрид, но ниту на „Кралевите“ не им остана „должен“, па го соблече нивниот дрес, за да заигра за градскиот ривал Атлетико Мадрид.

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com