Connect with us

Фудбал

Легендарниот Патрик Виеира седнува на клупата на италијански тим!

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Франција, Патрик Виеира ќе стане тренер на Џенова, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Според италијанскиот новинар, раководството на Џенова веќе има постигнато договор со 48-годишниот фудбалски стручњак.

Се очекува наскоро и официјално да биде промовиран новиот тренер на Џенова.

Виеира ќе го замени сегашниот предводник на тимот, Алберо Џилардино кој е во Џенова од декември 2022 година. Џенова по 12 кола е на 17. место во Серија А со 10 бодови.

Последното место на работа на Виеира беше францускиот Стразбур. Претходно беше тренер и на Кристал Палас, Ница и Њујорк сити.