Connect with us

Ракомет

Легендата на Барселона ја завршува кариерата поради проблеми со срцето

Искусниот ракометар на Барселона, Виктор Томас, ја изненади јавноста на денешната прес конференција со веста дека ја завршува кариерата на крајот на сезоната.

Томас целата кариера ја помина во дрес на каталонскиот клуб со кој освои се што можеше да се освои. Овој 34-годишен ракометар играше и во шпанската селекција, каде беше десет години стандарден на десната крилна позиција.

Сепак, сите беа изненадени кога Томас свика прес-конференција и веднаш знаеја дека нешто не е во ред. Тој пред јавноста кажа дека ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона, бидејќи има проблеми со срцето.

Оваа вест ја изненади шпанската јавност бидејќи никој досега не спомна ништо за здравствената состојба на Томас. Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, веднаш објави дека клубот ќе го повлече на крајот на сезоната број осум што го носи Томас.