Connect with us

Фудбал

Легендата на Јувентус препорача: Донесете Хрват!

Италијанските медиуми изминативе денови пишуваа дека Јувентус сака да го донесе Емре Џан од Ливерпул. Поранешниот напаѓач на старата дама, Џанлука Виали (53) смета дека ова не е најдобра одлука на клубот и наместо Турчин требаше да го донесат Иван Ракитиќ.

„Емре Џан не сум сигурен дека треба да биде играч на Јувентус. Не сум убеден дека ќе тргне работата“, изјави Виали.

Поголем дел од играчите сметаат дека Јувентус мора да го зајакне средниот ред.