Connect with us

Фудбал

Легендата на Ливерпул го советува Покетино да бега од ПСЖ: „Уште утре би дошол во Јунајтед да сум на негово место“

Претходните денови многу се шпекулираше дека Маурисио Покетино сака да го напушти ПСЖ.

Пред неколку дена се шпекулираше дека Покетино е еден од кандидатите за нов тренер на Манчестер Јунајтед, што изненади многумина со оглед на тоа што тој е под договор со ПСЖ.

Сепак, Покетино е многу заинтересиран да го преземе Манчестер Јунајтед бидејќи во ПСЖ не е најсреќен од атмосферата во соблекувалната.

Јасно е дека има огромен притисок врз тимот оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите бидејќи има неколку неверојатни играчи, но исто така сигурно е дека ниту на Покетино не му е лесно се да води и да одржува во најдобар ред.

Наводно, Покетино е подготвен да го напушти ПСЖ и да го преземе Манчестер Јунајтед, па дури и да плати обештетување на францускиот клуб за раскин на договорот.

Парижаните синоќа гостуваа во Манчестер каде беа поразени од Сити со 2:1, а по натпреварот поранешниот англиски играч Џејми Карагер го советуваше Покетино да си замине од ПСЖ.

„Покетино мора што поскоро да го напушти ПСЖ. Ако има шанса да замине во Манчестер Јунајтед не треба долго да размислува. Да бев на негово место, уште утре би го напуштил ПСЖ и би заминал во Јунајтед“, изјави Карагер.

Покетино го презеде ПСЖ на почетокот на оваа година кога пристигна на местото на Томас Тухел, а има договор до летото 2023 година.

Реклама

Facebook

Реклама