Connect with us

Фудбал

Легендата на Ливерпул ја скокотка фантазијата на навивачите на „црвените“, се поради Халанд

Поранешниот напаѓач на тимот од Енфилд, во саботата присуствуваше на натпреварот од Бундеслигата, на кој се сретнаа Борсија Дортмунд и Аугсбург.

Милионерите славеа со 2:1 на тој натпревар, а домашниот тим не можеше да смета на услугите на својата најголема sвезда, Ерлинг Халанд, на тој натпревар.

Норвежанецот се повреди на тренинг пред неколку дена, поради што го пропушти натпреварот во Лигата на шампионите кон средината на минатата недела.

По натпреварот, Фаулер доби дрес како подарок од Халанд заедно со неговиот потпис, а вниманието го привлече со описот на фотографијата.

Поранешниот напаѓач на „црвените“ го сликаше дресот на Халанд и напиша „ќе изгледаш подобро, но во црвен дрес следната сезона“, со што ја скокотка фантазијата на навивачите на овој клуб.

Ливерпул, заедно со Баерн, Реал Мадрид и други великани, се во голема борба за потписот на Халанд, и можеби ќе дознаеме кој ќе победи на таа трка следното лето.